| четврток, 6 декември 2018 |

Солза Грчва до „Либертас“ на Ацо Кабранов: Лажете дрско, пропагандата ви е како на Гебелс

Екс пратеничката Солза Грчева на својот фејсбук профил жестоко реагираше на провладиниот портал „Либертас“ кој имаше статија дека работниците од странска инвестиција си давале откази за да се вработат во домашни компании, затоа што наводно владата обезбедила одлични услови за работа на домашниот бизнис.

Читам во Либертас, напис во кој се тврди дека 500 текстилни работнички од Штип давале откази кај газдата, странски инвеститор. Можеби. Но, објаснувањето е како во најцрните денови на тоталитарната пропаганда: имале лоши услови за работа, станувале инвалиди, и сега ги чека светла иднина кај наши газди поради изедначување на условите на нашата ни мила Влада за сите инвеститори.
Колку е убаво кога си глуп или одработуваш и се умилкуваш! Се е просто и се објаснува со 2 реченици.
Е не Либертовци! Не е така. Очигледно никогаш порано не сте влегле во конфекциски погон во Штип. Секогаш условите беа страшни. Во пареа, загушливи соби со ниски тавани, пеколно топло, наведнати над машините по цел ден. Разликата е што сега кога се покачи минималната плата за минимални пари, конфекциите масовно отпуштаат технолошки вишок. Другите кои остануваат на работа, за да ги “заслужат“ мизерните пари работат по 12 наместо 8 часа. Лажете дрско, пропагандата ви е како на Гебелс. Не смеете ни поштена анализа да направите за ефектите од минималната плата. Да не зборам дека на крајот на умот не ви е да проверите и не дај боже да отидете на терен, па и да поседите за да направите права анализа. Ова ли е новинарство, ве молам.  – напиша Грчева на фејсбук.

Ова не е единствена реакција на Грчева, која во последниот период жестоко ја критикува владата на СДСМ, партија од која излезе.

Владата ги брка странските инвеститори, уште три нови фабрики со клуч на вратите до крајот на годината

Поради игнорантскиот однос и незаинтересираноста на актуелната Влада предводена од Зоран Заев, неколку илјади граѓани ќе останат без работа.

Имено, откако владата врши отворен прогон на странските инвеститори, дел од нив планираат да ја напуштат Македонија и својот капитал да го пренасочат во друга држава која има одговорна влада, за разлика од нашата.

Уште три нови фабрики, странски инвестиции со околу 1000 вработени, од вчера се пред одлука за нивно затворање.Тоа значи и одлука 1000 лица да останат без средства за егзистенција.

Но, конечната бројка на лица кои ќе останат без работа заради начинот на работа на Заев и неговата Влада е многу поголема.

Две странски компании веќе се пред официјално ставање на клуч на вратите. Имаат вработено 2000 лица. Сите од нив ќе останат на улица.

– Имаме огромни забелешки на односот на владата, со која речиси и немаме никаков контакт, на било кое ниво. Нам ни е жал, но доколку продолжат вака работите, ние со сигурност ќе ја напуштиме државата до крајот на годината. За таа цел веќе започнавме разговори со повеќе држави од соседството и регионот, изјавува еден од менаџерите на компаниите кои се пред одлука да се селат.

Менаџер на друга компанија вели:

– Еве на пример мојата компанија не користи државна помош, но и да користи, тоа не е главната пречка и тоа не е главниот фактор поради која компаниите инвестираат. Најавуваат зголемени даноци, тоа ќе биде катастрофално за сите компании, и домашни и странски. Познавам и други раководители на странски компании во државава кои сакаат да си заминат доколку продолжи ваквиот однос. Мојата компанија вработува над 400 луѓе, сите се добри работници, ќе ми биде жал, но ние сме пред одлука за селење.

Покрај тоа што овие неколку компании се пред одлука за затворање на капацитетите, она што е познато дека и голем број на други компании се откажале од разговори со владата за идно инвестирање. Една американска компанија донела дефинитивна одлука да прекине разговори со владата на Заев и својата инвестиција да ја пренасочи кон Србија. Се работи за инвестиција која во Македонија ќе обезбедеше 1.500 вработувања.

СДСМ со објавувањето на договорите отвора војна против 100 странски компании, неизвесни над 20 илјади вработувања

Владата на СДСМ додека брка странски инвеститори, почна да објавува и дел од нивните договори.

Имено, државата ги ослободила од плаќање на даноци и придонесе во извесен законски рок, и всушност нема никаква оштета на Буџетот, односно тоа се пари на кои државата не би можела да смета бидејќи доколку не се овозможи тоа инвестицијата не би се случила. Објавувањето ќе предизвика Србија, Бугарија, Грција, кои исто така се конкуренти за привлекување на инвестиции да понудат подобри услови и да ги привлечат инвестициите.

Повеќе компании се жалат на некоректниот однос на Владата и загрозување на нивното работење. Дополнително, не се во прашање сега инвестициите кои биле во фаза на разговори и убедувања, а кои според проценките се 60-тина со над 25 илјади вработувања, туку се доведува во прашање егзистенцијата на над 100 странски компании кои веќе инвестирале во Македонија и кои вработуваат над 20 илјади работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top