| четврток, 6 декември 2018 |

СОРОС и Либертас со нова лага: Не е извршена никаква партиска чистка во Генералштабот на АРМ

Соросовите медиуми и СДСМ и денес продолжуваат да ја дефокусираат јавноста преку лажни и измислени текстови.

liber

Овојпат, во политичкиот барабан на лаги и шпекулации на опозициските медиуми најде и македонската армија.

Порталот Либертас објави со акцент екслузивно, информација дека е направена чистка во министерството за одбрана и дека наводно под партиска директива на ВМРО-ДПМНЕ е извршена чистка на позиции во Генералштабот на АРМ на 25 полковници.

Но, реалната слика е сосема различна од лагите кои соросовите медиуми ги протнуваат во јавноста. Имено, не е извршена никаква чистка од страна на Генералштабот, а најмалку партиска како што стои во текстот на Либертас.

Никој не е избркан од работа, а дел од полковниците се пензионирани со исполнување на законските услови и во согласност со НАТО стандардите, што и било претходно најавено, очекувано и е спроведено низ нормална процедура.

Всушност, пензионирањето на полковниците е најавено уште пред официјализирањето на новиот началник на Генералштабот Методија Величковски, така што не станува збор за никаква чистка.

Сите места во АРМ се пополнуваат со квалитетни и професионални кадри кои ги исполнуваат високите критериуми и поминуваат низ процедурите за ангажирање на АРМ согласно НАТО стандарди.

Ширењето на вакви дезинформации и лажни тврдења е уште еден доказ дека оваа соросова група на медиуми се насочени кон целосно уништување на системот, на неосновано критикување на секој што не е нивни кадар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top