Партијата на Солза Грчева, „Глас за Македонија“ поднесе претставки до надлежни институции за говорот на премиерот Зоран Заев во Крива Паланка во која тој им вели на фирмите да им зголемат платите на работниците, што многумина го протолкуваа како поттикнување поткуп за гласање на референдумот.
-За обидот за правење на референдумски поткуп од страна на премиерот Зоран Заев на средба со граѓани во Крива Паланка, „Глас за Македонија“ денес поднесе претставки до јавниот обвинител на РМ, Државната Изборна Комисија (ДИК), Државната Комисија за Спречување на Корупцијата (ДКСК), до мисијата на ОБСЕ и до Транспаренси Интернешнл Македонија – соопштија од партијата.
Од таму ги повикаат горенаведените институции да делуваат независно и да покажат дека за нив сите граѓани се еднакви.
-Нивното делување во случајот на овој мега скандал, а во пресрет на закажаниот референдум, будно ќе го следиме – велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.