Кога брзаш да излажеш, брзо и ќе погрешиш. Ако си научен да ја лажеш јавноста постојано, тогаш губиш допир со реалноста. Соросовиот „Либертас“ брзајќи да рашири невистини пред македонската јавност направи уште една грешка во низата.
„Либертас“ напиша дека книгата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „Повторно величествена“ ја нема во Скопје. Секако тоа е лага, бидејќи е јавно достапна во „Сити мол“ во Скопје, во „Арс студио“, кое се наоѓа на вториот кат во трговскиот центар. Од таму велат дека оваа книга од 200 страници е една од најпродаваните и чини 490 денари.
Инаку ваквата информација е како резултат на тоа што истата книга беше спомената во интервјуто што го даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и за која кажува дека ја прочитал и дека е навистина добра книга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.