| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија со победа над Египет дебитираше на Медитеранските Игри во Турција

Македонската кошаркарска репрезентација со победа дебитираше на Медитеранските Игри во Мерсин, Турција, а по петминутно продолжение го надигравме Египет со 74-67.

Кога беше најпотребно нашите репрезентативци одиграа најдобро и го скршија отпорот на неверојатно упорниот и жилав противник. Цели 30 минути игравме бледо, лошо ги затворавме приодите кон кошот, а Египет постојано водеше, најмногу со 10 поени разлика 52-42 по 29 минути игра. Во последниот период се вративме во игра, се размавнаа Караџовски и Костовски, па се изборивме за петминутно продолжение, во кое конечно го надмудривме незгодниот ривал.

Победата се брои, иако беше забележана со лоша игра.

Ова е прв настап на Македонија на МИ, а кошаркарите се погрижија да стартуваме со победа. Утре играме со Алжир, а на 21. противник ќе ни биде домаќинот Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top