| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Заев ветуваше дека повратот на ДДВ ќе биде прва мерка на Владата – до сега ништо

И повратот на ДДВ за граѓаните беше едно од главните предизборни ветувања на СДСМ, но од него засега ништо. Токму на оваа тема реагираше и ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата вели дека власта уште еднаш ги излажала граѓаните.

„Граѓаните ниту биле приоритет на СДС, ниту некогаш ќе бидат. За СДС многу побитни се високите хонорари, како и патните и дневни трошоци за нивните функционери, отколку граѓаните. Токму затоа во буџетот за 2018 година нема пари за поврат на ДДВ, но затоа има пари за покривање на патните и дневни трошоци на хунтата на власт. Имено СДС додава 5.2 милиони евра повеќе од лани за ставката патни и дневни расходи, пари за покривање на скапите патувања на функционерите од власта. Додека пари за поврат на ДДВ нема. Нема ниту денар“ рече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

На ова реагираше СДСМ. Од владејачката партија велат дека повратот ќе се реализира етапно и посветено, со цел институциите и системот да бидат подготвени, најпрвин како пилот – проект во втората половина од 2018 година ќе започне во два региона, за да се види нејзината практична примена и да се надминат евентуалните пречки во реализацијата, а веќе од наредната, 2019 година ќе се примени на целата територија на Република Македонија.

Сепак, денешното соопштение на СДСМ е целосно спротивно на она што го ветуваше партијата пред изборите. Зоран Заев уште во декември лани најави дека повратот на ДДВ ќе биде прва мерка која ќе биде спроведена од новата Влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top