Ракометните репрезентативци ќе поделат 30 илјади евра како премија за пласманот на европското првенство во Данска следната година. Бонусот ќе им биде исплатен до крајот на овој месец, според најавите од челниците на ракометната федерација.
„Предложив да се наградат репрезентативците со вкупна сума од 30 илјади евра, што би се исплатиле до крајот на месецов. Се надеваме дека тоа ќе биде поттик за понатамошни успеси, а секој добар резултат ние како федерација ќе ги вреднуваме и ќе ги наградуваме“, изјави Живко Мукаетов, претседателот на РФМ.
Од федерацијата не се задоволни од резултатите на женската ракометна федерација и според најавите што доаѓаат оттаму, веријатно е дека ќе заврши соработката со селекторот Гино Стрезовски, по завршувањето на Медитеранските игри во Мерсин кои почнаа денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


