Полицијата во рускиот регион Иркутск во источен Сибир покрена истрага по пријавата на еден ловец за наводна кражба на две пушки од страна на мечка, соопшти регионалното Министерство за внатрешни работи.
Според кажувањата на 57-годишниот ловџија, тој на 16 ноември бил на лов и одлучил да остане во шумска колиба. Во даден момент, заминал по вода. Кога се вратил, чул необични звуци, па ја забележал мечката и побегнал во шумата.
Кога се вратил, видел дека му недостигаат двете пушки. Ловецот неколку дена ги барал своите пушки по тајгата, а потоа ја известил и полицијата.
Поради тоа што тој го изгубил своето огнено оружје, кое може да стигне во рацете на некој кој што случајно ќе го најде, според законот во Русија на ловџијата му следува парична казна, а може и на две години да му боде одземена дозволата за ловење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.