| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба „Поместени граници“ во галеријата „КО-РА“

В петок, на 24 ноември во 20 часот во Галеријата „КО-РА“ Дом на културата „Кочо Рацин“ ќе биде отворена ликовната изложба „Поместени граници“ соопшти Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

На изложбата свое претставување ќе имаат авторите: Тања Балаќ, Ирена Паскали, Ангел Миов, Исмет Рамичевиќ, Горан Менков, Сергеј Дамовски и Христијан Санев.

„… разновидноста во изразувањето, доблеста и богатството на ликовниот медиум…од една страна е ограничена со зададена тема, а од друга страна, разоружена од внатрешната борба на границата со оксиморонот, чија асинтагма во насловот на темата Поместување на граници, инхерентно се имплицира.

ГРАНИЦА е нешто што сугерира на статичност и постојаност, додека ПОМЕСТУВАЊЕ, наговестува неминовно движење, можеби, но не и со сигурност конфликтно, во секој случај поместување од динамичка природа.
Идејата на бришење на линијата која современиот ликовен медиум го дели од класичната ликовна уметност, со појдовна точка од концептуалното размислување, наидува на конвенционален творечки пристап, па сходно на тоа, целта на овој проект е да и се прикаже на пошироката публика, новиот аспект на актуелното ликовно истражување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top