Шведската компанија за мебел „Икеа“ најави дека ќе повлече 29 милиони комоди по седмиот смртен случај, во кој животот го изгуби мало дете.
Ларс Петерсон, извршниот директор на „Икеа“ најавил повлекување на неколку модели комоди кои може да се превртат доколку не се прицврстени за ѕид.
Смртта на детето во Калифорнија, кое настрада откако останало заробено под комодата, го доведе во прашање првичното повлекување на комодите, кое беше најавено уште во 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.