По написите во медиумите од сосетството дека муштериите во новоотворената ИКЕА во Белград нашле начин како да излезат од продавницата со шишиња бесплатни сокови, се чини Србите не престанале да бараат начини како да го „измамат“ шведскиот производител на мебел. Сега се работи за големите жолти ИКЕА кеси кои ги разграбале на влезот на продавницата мислејќи дека се бесплатни, па на каса не сакале да ги платат.
На отворањето на маркетот вработените им аплаудирале на првите муштерии кои влегле во него, а за само неколку минути жолтите големи кеси на влезот биле разграбани. Тогаш преку разгласот муштериите биле замолени да ги вратат кесите откако ќе завршат со купувањето.
Многумина од нив ги сокриле овие големи ИКЕА кесе по своите торби и ташни, а добар дел од муштериите не сакале да ги платат, ниту пак да ги вратат на касите или на излезите, па обезбедувањето морало да им објасува дека всушност тие не биле бесплатни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.