| четврток, 6 декември 2018 |

„Икеа“ отвора уште една продавница на Балканот

Шведската компанија за производство на мебел ќе отвора уште една продавница на Балканот. Според балканските медиуми, „Икеа“ наскоро може да ја прошири својата дејност и во Босна и Херцеговина.

Иако информацијата не е целосно потврдена, од компанијата изјавиле дека нивни експерти се пратени во истражување на пазарот во БиХ и судејќи според исклучително големиот интерес на пазарот и граѓаните, отворањето на шведскиот гигант може да се случи наскоро.

Најавите за можен влез на шведска „Икеа“ на пазарот во БиХ доаѓаат во време на влошена политичка состојба во земјата поради која од работење во БиХ се откажа дисконтниот трговски синџир „Лидл“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top