Хари Мегвајр беше еден од стрелците за Англија на натпреварот против Шведска (0-2) на Светското првенство (СП) во Русија, а во минатото тој веќе испратил закана за скандинавската земја, дека еден ден ќе ѝ се одмазди.
Мегвајер на социјалната мрежа „Твитер“ се пожалил дека лампа, инаку од „Икеа“ му направила проблем и дека кога – тогаш ќе ѝ се одмазди на земјата.
– Тукушто потрошив четири часа составувајќи столна лампа. Ќе ѝ се одмаздам на шведската нација, во овој живот или во наредниот – напиша дефанзивецот на социјалната мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.