Убавините на Белград, сплавовите на Дунав, скарата на Скадарлија и музичките хитови на култниот Баја Мали Книнџа – ова се четирите главни точки за кои разговарале премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ на нивната денешна средба во Белград.
При припремите за посетата, Заев одлучил на Вучиќ да му однесе подарок дрес од „Вардар“. Бојата на дресот ја одбрале заедно со неговата сопруга Зорица која пред поаѓањето го испрала со посебен омекнувач.
-Половина од тимот за спроведување на реформскиот процес 3-6-9 беше ангажиран во утврдување на точниот број на дресот, кој ќе му прилега на Вучиќ. Имаше широка анализа која наметна дебата дали да понесеме дрес со број 46 или 48. На крај пресекоа Драги Рашковски и Бранимир Јованивиќ, кои проценија дека е подобро да земеме 46 затоа што така ќе заштедиме при производството и транспортот а во исто време ќе ја анулираме можноста Вучиќ да му го позајми дресот на неговиот ментор Војислав Шешељ кој дефинитивно носи 48. Знаете, не е убаво кога националист како Шешељ се шета со дрес на „Вардар“ по улиците на Земун, изјави Заев за српските медиуми.
Овој дрес е мал потег за Македонија, но многу и значи на Србија со која ќе развиваме успешни билатерални односи преку кои ќе придонесеме за јакнење на соработката во регионот, изјави македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за весникот „Политика“ за време на неговата прва официјална посета на Србија.
– Во Белград се чувствувам како дома, размислувам да се преселам во Србија заедно со моето семејство. Можеме и владата да ја преселиме тука, да заштедиме. Како што делиме згради на амбасади со Србија по светот, зошто да не ја делиме и зградата на Владата? – им рече Заев на Српските новинари.
Заев додаде дека Господ кога го црпнувал од Муртино не прецизирал дали ќе го однесе во Скопје или Белград, токму затоа, при посетата на градот ја почувствувал исконската енергија која ги поврзува.
Пишува: Луди Чифут
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Луди Чифут
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев на Самитот на земјите членки на Европската иницијатива
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Заев: Горам од желба да ги соопштам деталите за бегството на Груевски