Семејството на убиената пејачка Јелена Марјановиќ повеќе од една година нема никакви приходи, но затоа нејзините членови успеваат да платат пет врвни адвокати, возат три автомобила и ги регулираат сите трошоци околу куќата, а за сето тоа потребни им се неколку илјади евра месечно.
Според сознанијата на српски Информер, постојат индиции дека нивниот живот на висока нога го финансира мистериозен спонзор, кој е многу заинтересиран за исход од истрагата на убиството на Јелена.
Имено според пишувањето на овој весник, секој од адвокатите на Марјановиќ чини 5.000 евра месечно.
-Интересно е што, откако е Јелена убиена, никој се нема запрашано како е можно Марјановиќ да живеат на толку висока нога, далеку повеќе од просечно српско семејство, а баш никој да не заработува веќе година и половина. Имено, Марјановиќ плаќаат дури пет врвни адвокати, што ни сериозни и богати луѓе не можат да си дозволат. Возат три автомобили, а да не зборуваме за месечните трошоци за одржување на куќата-рекол соговорник за Информер.
-Прашање е кој сето тоа го финансира. Зоран, откако Јелена е убиена, ниту напишал, ниту продал некоја песна, додека на мајка му Зорица и е забрането да се занимава со надрилекарство. Таткото Владимир никогаш не ни заработувал, а брат му Милош се занимава со препродажба на автомобили, што апсолутно е недоволно да се покријат сите трошоци-додава изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Му дојде крајот: Подигнато ново обвинение против Марјановиќ!
-
Се леди крвта во жилите-куќата на Марјановиќ изградена е на гробишта!
-
Валкана војна на семејствата Марјановиќ и Крсмановиќ-по секоја цена сакаат да ја земат малата Јана!
-
Дебела си, оди да трчаш-Теодора проговори за бракот на Јелена и Зоран!