Теодора Крсмановиќ, братучетка на свирепо убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, сведочела вчера во Вишото јавно обвинителство, за односот на Јелена и Зоран.
Теодора рекла дека била во контакт со Јелена, како и дека повремено преноќувала кај нив, кога доаѓала од Кралево во Белград. Таа не прецизирала кога последен пат се виделе.
-Јелена во неколку наврати ми се жалеше дека мора сама да преспие да студиото, додека Зоран и неговите родители спиеле во своите спални- раскажала Теодора.
-Теодора зборувала за нивниот личен однос. На прашањето дали се карале во бракот, била изрична дека Јелена никогаш не се карала јавно со Зоран, но дека Зоран лошо се однесувал со неа.Често знаел да и рече:Дебела си, оди да трчаш!Навела дека Јелена поради неговите примедби понекогаш навечер одела да вози ролерки. Меѓутоа за убиството не можеле да се изјасни, бидејќи и немала прецизни сознанија-рекол извор од истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.