| четврток, 6 декември 2018 |

Се леди крвта во жилите-куќата на Марјановиќ изградена е на гробишта!

Куќата во која семејството Марјановиќ живее во Борча, наводно е подигната на стари гробишта. Приказните за старите гробишта почнаа да се вртат после убиството на пејачката, а некои мештани сметаат дека злостроството се случило бидејќи куќата е проколната.

Мештаните скоро заборавиле на морничавата приказна, но трагичната смрт на Јелена ги потсетила на тоа.

-Во делот на Борча во кој се наоѓа куќата на Марјановиќ и неколку околни куќи, некогаш биле стари гробишта.Тие се уништени, а подоцна на тоа место се подигнати куќи. Тоа е морничаво и кај некои луѓе предизвикува морници, иако не е толку невообичаено бидејќи на многу локации во Белград на кои се изградиле куќи, некогаш имало гробишта- велат мештаните и додаваат дека не е сигурно дека семејството Марјановиќ знае на што лежи куќата во која живеат со години.

-Тие куќата ја добиле, наводно од некој на кој Зорица Марјановиќ му помогнала и му го излечила детето. Можно е дека луѓето кои ја правеле куќата не знаеле дека под нив има гробишта, па затоа и решиле да ја дадат. Поради тоа почнаа приказни дека куќата е проколната, па многумина избегнуваат да поминуваат оттаму- велат мештаните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top