Една од познатите американски емисии во кои професионални тренери работат со лица кои се екстремно дебели „My 600-lb Life“ го променила живтот на Амбер Рашди од Орегон. Кога таа се појавила во оваа емисија имала 24 години и неверојатни 300 килограми и не можела да ги изврши секојдневните активности како туширање, преоблекување и слично.
Тогаш живеела дома со нејзините родители, а заради тежината не можела да стои повеќе од половина час. Заради тоа се откажала и од одење на колеџ и била невработена.
Родителите секојдневно и готвеле огромни оброци и не и приговарале за тоа колку јаде. Нејзината мајка Пети тогаш изјавила дека ја разбира бидејќи јадењето ја смирувало. Амбер пак велела дека никогаш во својот живот не се почувствувала сита, туку секогаш била гладна.
Одреден период таа имала и момче со кој не можеле никаде да излезат, освен до најбилската продавница и тоа пред таа да ја стигна својата најголема тежина.
Откако лекарите и соопштиле дека најверојатно нема да го доживее својот 30. роденден, Амбер решила да даде се од себе за да се промени. Веднаш се пријавила да хируршко намалување на желудникот, но за да можат да ја оперираат, најпрво морала да симне многу килограми.
Операцијата минала успешно, но Амбер не застанала тука. Од корен го промениа својот живот, со професионалците од споменатата емисија почнала да вежба и здраво да се храни, што веднаш вордило со плод. За неполна година, таа изгубила неверојатни 181 килограм.
Сега Амбер редовно објавува фотографии на својот Инстаграм профил, а луѓето не можат да поверуваат дека некогаш имала 300 килограми.
– Бев решена да се променам и да си го спасам животот. Она што е неверојатна промена за мене е од ситуација во која скоро ништо не можев да направам сама, како туширање и одење во тоалет, сега можам да живеам слободен живот. Неретко добивам и комплименти преку социјалните мрежи, а и убаво е чувството кога мажите ти обрнуваат внимание и се вратат по тебе, изјавила таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.