| четврток, 6 декември 2018 |

Дошол на гости бидејќи се скарал со родителите, следниот ден го пронашле мртов

Триесетгодишен прилепчанец бил пронајден мртов во куќа во која отишол на гости.

Полицијата соопшти дека вчера дваесет и седумгодишната Н.А. пријавила дека гостинот кој претходниот ден дошол кај нив го пронашла мртов во собата во која престојувал кај нив.

Имено Р.Ѓ. кој сега е починат дошол во домот кај неа и нејзиниот сопруг со изговор дека се скарал со неговите родители и побарал да остане, по што се качил на катот од куќата. Откако истиот бил пронајден без знаци на живот, била повикана Итна медицинска помош и од страна на лекар била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top