| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата „Обликот на храмот“ во Музеј на Град Скопје

Издавачата куќа „Магор“ од Скопје ќе ја промовира новата книга од Викторија Поп Стефанија насловена „Обликот на храмот“. Книгата ќе ја претстават отец Стефан Санџаковски и проф. Иван Додовски, а воведна реч ќе одржи акад. Георги Старделов. Промоцијата ќе биде проследена со музички перформанс на кавал на виртуозот Гоце Димовски.

Промоцијата ќе се одржи во Музеј на град Скопје, на 17.11.2017 , со почеток од 18 часот.

– Делото „Обликот на храмот“ од нашиот виден архитект, Викторија Поп Стефанија – како продолжување на нејзината претходна книга „Логосот во архитектурата“ – е оригинално замислено, длабокоумно обмислено и вдаховено напишано. По својот широк содржински зафат – (продлабочена егзегеза на Светото писмо) и долгиот временски опфат (проследување на историјата на облиците на храмот од создавањето на „Стариот завет“ и, милениуми потем, од „Новиот завет“ до денес), „Обликот на храмот“ на Викторија Поп Стефанија претставува прво такво дело во историјата на македонската култура. Тоа се гради и воздигнува врз столбовите на боговдахновените содржини на Светото писмо: Светот е создан како Божју храм, Божјиот храм како светот, вели меѓудрутото во својата беседа академик Георги Старделов.

– Има многу дела во кои се истражува христијанската архитектура во Македонија и во поширокиот регион, но книгата на Викторија Поп Стефанија „Обликот на храмот“ е редок пример на промислување на архитектонските феномени со еден богословски поглед, со ерудиција и критичност, со способност за трансисториска синтеза. Тоа ја прави оваа студија уникатна, но и незаобиколна за секој што сака да проникне во тајните и во наследството на православната византиско-словенска култура, истакнува проф. д-р Иван Додовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top