| четврток, 6 декември 2018 |

Деталите од животот на Јелена укажуваат на една страшна работа!

Јелена Марјановиќ (33) во потрагата по нејзиното исчезнување, семејството ја барало и во Сигурна куќа, бидејќи таа поради семејно насилство планирала да побарала засолниште токму таму. Ова го изјавила Вера Вукмановиќ, кума на семејството Марјановиќ.

Кумата Вера уште од почетокот била најголема поддршка на семејството Марјановиќ и тврдела дека никој не е виновен за убиството на Јелена, но во април минатата огидна, веднаш после пронаоѓањето на телото на Јелена, свесно или несвесно се излајала.

-Не можеме да веруваме дека некој рекол дека не сме повикале веднаш полиција, откако Јелена исчезна на насипот. Јас лично ја барав, а Зоран со фотографијата на Јелена отиде во белградската полиција. Се јавивме и во Сигурната куќа и кај пријателите и познаниците во сите можни установи, за кои верувавме дека би биле од помош- рекла Вера.

Голем хаос предизвика сведочењето на кумата во обвинителството во октомври кога таа тврдела дека последна се слушнала со Јелена, точно во 16.42 часот, денот кога е убиена, што се коси со изјавата на Зоран, дека во тоа време тој веќе бил во потрага по Јелена.

Инаку денеска семејството Марјановиќ го слави празникот Ѓурѓиц, но без Јелена и Зоран, кој е во затвор. Токму тоа е славата од која се појави снимка на која се гледаа модриците на Јелена на лицето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top