Легендарниот велшки фудбалер, Рајан Гигс конечно пронајде нова работа.
Некогашниот офанзивец на Манчестер Јунајтед, како што пренесуваат странските медиуми, ќе стане спортски директор на Промотивниот фонд за виетнамски таленти, а на новата должност ќе стапи на 20. ноември.
Работата на Гигс ќе биде базиран на фудбалерите и младите тренери, како и придонес во развојот на фудбалот во Виетнам, а олеснителна околност ќе му биде тоа што на далечниот исток ќе оди само два пати во годината.
Велшанецот со Виетнамците потпиша двогодишен договор.
Последниот ангажман, Гигс го имаше во Манчестер Јунајтед, каде по завршувањето на кариерата работеше како помошник на Давид Мојес и Луи Ван Гал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.