Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед и еден од најдобрите фудбалери на светот, Рајан Гигс 24 сезони помина во дресот на „црвените ѓаволи“ и е вистинска икона во клубот.
Тој во својата кариера имаше можност да игра со голем број на вистински фудбалски ѕвезди како што се Кантона, Сколс, Кол, Јорк, Невил, Фердинанд, Видиќ… но според него само еден фудбалер може да биде најдобар и е среќен што имал можност да игра со него во кариерата.
-Луѓето забораваат колку тежок почеток на кариерата во Јунајтед имаше. Сепак тој и понатаму работи напорно и најдобро што знае и може. Неверојатна атлета и најдобриот фудбалер со кого сум играл во кариерата – изјави Гигс.
Секако, се работи за Кристијано Роналдо.
Роналдо одигра шест сезони во дресот на „црвените ѓаволи“, а успеа да освои се што се можеше, три премир лиги, една Лига на шампиони, два Лига купа и еден ФА куп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед