Поранешниот фудбалер на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека во времето додека престојувал на „Олд Трафорд“ бил сведок на немил настан во кој главните улоги ги одиграле Рајан Гигс и Кристијано Роналдо.
Целата приказна не ја откри актуелниот тренер на норвешкиот прволигаш Молде, туку неговиот голем пријател, исто така поранешен фудбалер кој има настапувано во англиската Премиер лига, Јан Аге Фиортофт.
Легендарниот репрезентативец на Велс збеснал кога Роналдо пред да започне доручакот, во клупската кујна се појавил со кока-кола во својата рака.
Гигс бурно реагирал затоа што тој пијалок бил строго забранет во времето кога менаџерската позиција била резервирана за најтрофејниот стручњак во историјата на англиската Премиер лига, сер Алекс Фергусон.
Откако го фатил за вратот и го залепил за ѕидот, Гигс му наредил на португалскиот интернационалец никогаш повеќе да не се појавува со кока-кола во рака.
Како што поминува времето, така се почесто се сведоци на проблематичниот карактер кој го има Рајан Гигс кој до пред некоја година важеше за мирна и прекрасна личност.
Пред неколку години, англиските медиуми открија дека поранешниот фудбалер на Јунајтед имал тајна врска со сопругата на неговиот брат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед