Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски бележи прогрес од две позиции на најновата АТП ранг-листа, објавена денеска.
Иако Јотовски во изминатите две седмици е без настап на турнирите кои се бодуваат за АТП листата сепак, за разлика од минатата недела кога падна за четири, сега направи скок од две места.
Јотовски кој во моментов е рангиран на 582.место на АТП ранг-листата, на која и во конкуренција на двојки има напредок од шест позиции, па сега е рангиран на 1023.место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.