| четврток, 6 декември 2018 |

Мареј: По три лоши месеци не можеш да бидеш на првото место

Најдобриот светски тенисер Енди Мареј не крие дека очекува за скоро време да го загуби првото место на АТП листата.

– Доколку сакате да бидете на врвот не смеете да имате период од три месеци во кој играте лош тенис. Кај мене тоа беше случај до Ролан Гарос и веројатно ќе го загубам првото место на АТП листата – вели Мареј.

Британецот го задржа првото место на АТП листата поради лошата форма на Новак Ѓоковиќ и паузата на Роџер Федерер. Рафаел Надал по титулите во Монте Карло, Барселона и Ролан Гарос сега има шанса дури и по Вимблдон да се врати на првото место на АТП листата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top