Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ после една деценија нема да биде меѓу десетте најдобри тенисери на светот бидејќи испушти голем број на бодови поради отсуството во Париз.
Исто така, на неговиот пласман во голема мерка влијаеше и Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро кој се пласираше во четвртфиналето на тој мастерс турнир.
Дел Потро со победата над Холанѓанецот Робин Хасе со 7:5, 6:4, помина меѓу осумте најдобри во Париз и дури доби шанса да се бори за Завршниот мастерс во Лондон.
Ѓоковиќ на следната објавена АТП листа ќе забележи пад од четири места, односно ќе се најде на 11 позиција, што му се нема случено од 5 март 2007 година, кога беше 13.
Главна причина за падот на листата на освојувачот на 12 Грен Слем турнири е тоа што ја заврши сезоната уште во јули поради повреда на лактот.
Ѓоковиќ во четвртфиналето на Вимблдон го предаде мечот против Бердих поради споменатата повреда, а неколку недели подоцна одлучи да паузира до крајот на оваа сезона.
Повраток на најдобриот српски тенисер се очекува на егзибицониот турнир во Абу Даби кој се одржува кон крајот на оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Федерер: Додека Ѓоковиќ е на патот, далеку е стотиот трофеј
-
Подготви два милиона евра, ако сакаш татко ти да го видиш жив – гласела пораката на киднаперите на дедо и на Јелена Ѓоковиќ
-
Агаси и Ѓоковиќ се разделија: Се согласивме дека не се согласуваме!
-
Ѓоковиќ го оперираше лактот, очекува комплетно закрепнување