Неколку стотици албанци кои живеат во Австрија протестираа на улиците во Виена против пресудата која македонскиот суд им ја изрече на терористите кои упаднаа во кумановско Диво Насеље.
На протестот демонстрантите од албанската дијаспора држеа банери на барање за ослободување на осудените лица, обвинувајќи ја Македонија за шовинистичка држава.
Нивниот протест доаѓа 10 дена откако Основниот суд во Скопје ги осуди 746-годишни припадниците на Кумановската група, обвинети за тероризам за настаните од 9 и 10 мај во Диво Насеље пред две години.
Во петокот, Косовската Влада информираше дека ќе обезбеди 219.000 евра за покривање на трошоците на членовите на семејствата на осудените лица. Секое семејство, како што објасни премиерот Рамуш Харадинај, ќе добие 10.000 евра од Косовскиот буџет.
Како што јавува portalb, поголем дел од 37 осуденици во Скопје се од Косово и се поранешни припадници на УЧК. Протести против пресудата за терористите од „Диво Насеље! имаше и на Косово, а самиот Харадинај го повика амбасадорот на Косово од Скопје за консултации.
Според него, потребна е меѓународна истрага за подобро да се олесни ситуацијата. Уредничката на весникот”Koha Ditore”, Флака Сурои остро одговори на оваа одлука ма косовската влада, велејќи дека распределувањето пари од државниот буџет на роднините на осудените лица за кривични дела во друга држава нема никакво значење.
“Имаше сериозен инцидент во Куманово, каде што 18 лица загинаа. Не разбравме со каква цел отидоја вооружени косовари таму”, пишува таа на Фејсбук
(portalb)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.