Снегот кој паѓа во Хрватска предизвикува големи проблеми во сообраќајот, и на патиштата но и на бродските линии.
Како што јавува хрватски Индекс, снег паѓа во регионот Капела, на Сљеме и на Горски Котар, а патиштата се мокри и лизгави во целата внатрешност. Силните ветришта создаваат проблеми во крајбрежните региони, а можни се и одрони на земјиште.
Во моментов е забранет сообраќајот за сите возила освен патничките кон Риека или Истра, а граничниот премин Пасјак е затворен за цел сообраќај поради сообраќаен инцидент со товарно возило во Словенија.
Поради зимските услови за возење во Горски Котар е забранет сообраќај за товарни возила, а сите останати категории мора да имаат зимска опрема. Поради силното невреме во прекин се и голем број траектни линии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.