| четврток, 6 декември 2018 |

Џафери: До идниот петок ќе се донесе законот за јазиците и ќе биде затворено прашањето

Од понеделник, во Собранието ќе продолжи прекинатата расправа за законот за јазиците.

Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува овие измени да бидат донесени до идниот петок и да се затвори ова прашање.

Предложениот Закон за употреба на јазиците, предвидува во сите органи на државната власт, во централните институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо да се употребува и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните.

Со овој закон судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции ќе треба да овозможат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки.

На албански јазик ќе бидат достапни и поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи, фактурите и бандеролите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top