Владата на Република Македонија на 18. седница ја отвори дебатата за усвојување на Предлог-законот за употреба на јазиците, соопшти денеска владината прес-служба.
„По првичната дискусија утвдено е дека е потребна натамошна координација со цел да се постигне усогласување за начинот на имплементација на законското решение за употреба на јазиците, односно да се доутврдат надлежностите што би произлегле од законот во однос на двата органа што ќе треба да се оформат – агенција за примена на јазиците и инспекторат за употреба на јазици. Предлог-законот за употреба на јазиците по утврдување на наведеното ќе биде ставен повторно на дневен ред на некоја од наредните владини седници“, се наведува во соопштението од Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.