СДСМ не покажа политичка зрелост и храброст да застане зад одлуките на својот лидер и да излезе пред јавноста, пред своите членови и гласачи за да соопшти што договара со ДУИ зад затворени врати. Тоа што го договара Заев, неговите блиски луѓе го премолчуваат пред камерите, а во народот создава тензија поради неизвесноста.
Синоќа во емисијата „Топ тема“ на „Телма“ гостуваше секретарот на партијата, Оливер Спасовски, кој дрско одби да одговори што договориле СДСМ и ДУИ за употребата на јазиците.
-Вие можете да прашате како сакате, и јас не ви забележувам дали е тоа новинарски или не, а јас можам да ви одговорам исто така како што сметам дека треба да ви одговорам – рече Оливер Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)