| четврток, 6 декември 2018 |

Јоци: Ова не смее да се дозволи, на потег се Иванов и Уставен!

Доцна синоќа Владата го усвои противуставниот текст на Предлог-законот за употребата на јазиците, кој е дел од Тиранската платформа.
Во одобрената верзија се предвидува двојазичност на униформите на полицијата, пожарникарите и здравствените работници во општините со најмалку 20% Албанци и во Градот Скопје.
Овој текст е погубен за Македонија, го потврдува договорот меѓу Заев и Ахмети за федерализација на Македонија е и е токму спротивно од она што со месеци го демантира Заев, смета поранешната новинарка и политолог Јорданка Ивановска Јоци.

„Пратениците во Собранието на Македонија, утре или друг ден, ќе добијат за гласање противуставен предлог-закон за јазици, во кој членот 1 се коси со Уставот на Македонија (кој е повисок правен акт од законско решение). Вечерва ова поминало на Влада.
Закон не смее да противречи на Устав, а СДСМ-ДУИ, во недостаток на 2/3 мнозинство во Собрание за измена на Устав, на мала врата, ќе пикаат двојазичност на цела територија на Македонија.
И ова не смее да се дозволи.
Договорени се и двојазични униформи и измена на парите и ред др.работи.
Доколку пратениците го изгласаат, а сигурно мнозинството ќе крене два прста, на потег е Ѓорге Иванов да не го потпише, а потоа Уставен суд да го бутне.
Отприлика, ова е двојазичноста на цела територија на Македонија, која, Зоран Заев ја демантираше со месеци дека е договорена со ДУИ.“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top