| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ќе најде начин за меѓународна експертиза за „Диво насеље“

Владата е согласна за случајот во Диво насеље, за кој осуммина обвинети беа осудени на доживотна затворска казна, да биде отворена меѓународна истрага, изјави денеска Зоран Заев.

– До сега сме имале само информирање на претставници од меѓународната заедница и разговори како би било овозможено да се отвори меѓународна истрага. Ние не сакаме да има дилеми за неразјаснети работи кои се од интерес за граѓаните. Овој случај и тоа како е од интерес на граѓаните на Македонија. Веруваме дека ќе најдеме начин со меѓународната заедница како да се отвори меѓународна истрага за овој случај – изјави Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top