Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се чувствувал многу нервозно по вчерашното интервју на претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на ТВ Алсат.
Извори од ДУИ за порталот “tetova1” укажуваат на тоа дека деновиве Али Ахмети се очекува да го условува Заев за отстранување на Алијансата од владата.
-За лидерот на ДУИ, неприфатливо е Зијадин Села со неговата партија и да биде дел од владата и отворено да ги критикува Ахмети и ДУИ. – пишува порталот.
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, синоќа изјави дека единствената политичка партија во владата која сака Алеансата за Албанците повеќе да не е дел од владдата, е ДУИ на Али Ахмети.
Но, тој стави до знаење дека АА е во владата бидејќи презеде одговорност и ќе биде алармантна ако сегашната влада почнува да личи на старата.
Останува да се види дали Зоран Заев ќе му ја исполни желбата на Али Ахмети или ќе продолжи да одржува рамнотежа во владата и нема да прифаќа никакви условувања од никој. /albeu.com/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.