Македонските кик-боксери, сениорите Димитар Георгиев и Кристина Стојчевска, во дисциплината кик-лајт беа прогласени за најдобри на Балканскиот куп. На ова натпреварување борбите се одвиваа во дисциплините: поинт фајт, лајт контакт, кик-лајт, К1, фул контакт и лоу-кик, во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција.Златни медали за Македонија освоија: Кристина Стојчевска – 55 кг кик-лајт; Димитар Ѓоргиев -81 кг кик-лајт; Вељан Георгиевски -9 4кг кик-лајт; Боби Коцев -81 кг фул контакт и Далибор Оненов -75 кг лоу кик.
Носители на сребрени медали се: Александар Митовски -84кг кик-лајт; Ненад Манојловски -67 кг лоу кик; Ненад Манојловски -67кг кик-лајт; Димитар Ѓоргиев -81 кг лоу кик; Кристина Стојчевска -55 кг лоу кик и Стефка Јанковска -65 кг кик-лајт.
Со бронзени медали се закитија: Мартин Јованов -63 кг лајт контакт; Драган Игњатовски -74кг кик-лајт; Јане Велковски -86 кг лоу кик; Стефка Јанковска -65 кг кик-лајт и Ѓоре Стојанов -71 кг лоу кик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.