| четврток, 6 декември 2018 |

Јорданчо Давитков нов тренер на Банијас

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков се сели во Абу Даби откако потпиша за тимот на Банијас.

Тој својата кариера ја продоложува во Обединетите Арапки Емирати, а веста ја потврди и самиот тој преку социјалните мрежи.

Македонскиот стратег е добро познато тренерско име на далечниот исток каде работи веќе десетина години.

Во текот на овој месец Давитков ќе се врати во Македонија каде има обврски со нашата репрезентација во претквалификациите за ЕП 2021 и дуелите со Словачка и Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top