Селекторот Јорданчо Давитков не го криеше разочарувањето по слабата игра на нашите кошаркари во првото полувреме што донесе до пораз на премиерниот дуел од претквалификациите за СП 2019.
– Ова беше тежок натпревар. Мислам дека одигравме најслабо откако го преземав кормилото на репрезентацијата. Косово ја имаше контролата уште во првиот период, постигнаа многу поени, најмногу од рекетот каде беа доминантни, па затоа разликата на крајот од првото полувреме беше 20 поени. Знаевме дека Дардан Бериша е оружјето на Косово, тој е вистински лидер и одличен играч. Во вториот дел одигравме многу подобро, но беше тешко да се вратиме од 20 поени негатива во таква атмосфера. Косово имаше непоколеблива поддршка од навивачите. Сè беше совршено во однос на организацијата, безбедносни и други технички делови во овој натпревар – истакна Давитков по завршување на натпреварот
Со 17 поени, капитенот Војдан Стојановски покрај Џордан Теодор (22 поени) беше еден од најефикасните на теренот.
– Во првиот дел од натпреварот, Косово одигра одлично. Ние бевме подобри во вториот дел, но домаќинот веќе имаше огромна предност која евентуално им ја донесе победата – дополни Војдан Стојановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации