Британскиот уметник Крис Бејкер креираше своја верзија на обвивката на култниот албум на „Битлси“ – „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band”.
На него сепак, наместо членовите на бендот и нивните славни пријатели, се наоѓаат ликовите на личностите од џет-сетот кои го напуштија овој свет во 2017 година.
На колажот, меѓу останатите, се наоѓаат и Хју Хефнер, Чак Бери, Роџер Мур, Гордон Кеј, Том Пети и Крис Корнел.
Палмите развеани во позадината пак, ги симболизираат ураганите и бурите, кои го погодија светот годинава.
– Ја искористив можноста да му укажам на светот и за климатските промени и дека мораме да размислуваме за долгорочните влијанија на човекот врз светот, изјави Бејкер, кој сличен колаж направи и лани.
Дополнително значење на сето тоа му дава тоа што годинава се навршуваат 50 години од издавањето на албумот на „Битлси“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.