| четврток, 6 декември 2018 |

Татко и син починаа од вирус кој го пренесуваат глувци

Министерството за здравство потврди дека двајца пациенти починале на Клиниката за инфективни болести, кои биле во тешка состојба со зафаќање на повеќе органи, но причинителот на болеста се уште се испитува.

Едниот починал вчера, а другиот починал утрово. Станува збор за татко и син, кои биле на возраст од 24 и 50 години без други претходни заболувања. Починатите се од околината на Гостивар, од селото Симница. На Инфективната клиника се примени пред четири дена со висока температура, пролив, повраќање.

Звонко Миленковиќ, директор на Инфективна и претседател на Комисијата за заразни болести, рече дека во моментот на Инфективна има уште четворица пациенти, но тие не се во толку тешка состојба.

– Станува збор за високо фебрилен синдром со зафаќање на повеќе органи. Во случајов со зафаќање на црниот дроб, бубрезите и згуснување на крвта. На Инфективна нема карантин, туку овие пациенти се изолирани – рече Миленковиќ.

Тој објасни дека се сомневаат на повеќе можни причинители за состојбата на пациентите, меѓу кои и хеморагична треска и туларемија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top