| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца починале на Инфективна, не се знае болеста, Клиниката во карантин

Двајца пациенти починале на Инфективната клиника во Скопје, а болеста уште не е позната. Клиника е под карантин, објави порталот „СДК“.

Во 14 часот, во Министерството за здравство, за медиумите состојбата ќе ја објасни д-р Звонко Миленковиќ, претседател на Комисија за заразни болести.

Комисија од Министерството за здравство во моментот ги испитува случајот, односно се утврдува за која болест станува збор. Неофицијалните информации кажуваат дека на Инфективна биле хоспитализирани петмина пациенти од гостиварско, во тешка здравствена состојба, и дека болеста брзо прогресирала, поради што двајца од нив починале.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top