Владата денеска ќе ја одржи својата 37. седница на која е најавено дека ќе бидат донесени одлуки за Предлог-буџетот за 2018 година.
На седницата, Министерството за финансии ќе го поднесе на разгледување и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2018 година.
На денешната владина седница ќе се најдат и неколку други точки од интерес на граѓаните на Република Македонија.
Седницата ќе започне во 18 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.