Конгресот кој се спрема во Сојузот на синдикати на Македонија од нелегитимното раководство е прогласен за нелегитимен и од страна на Европската конфедерација на синдикати, каде што со писмо доставено до ССМ на 3.11.2017 јасно се кажува дека Европската конфедерација напоредно со Светската конфедерација, нема да присуствуваат на овој конгрес. Го сметаат за нелегитимен бидејќи е резултат на низа повредени демократски права.
Ова го истакна Живко Митревски, актуелниот претседател на ССМ кој е признат од Светската федерација на синдикати кои има над 250 милиони членови, и додаде дека и со овој чин се потврдува статутарното насилство кое се вршеше до сега и кое елиминира повеќе кандидатури во ССМ.
Тој ги повика и оние делегати кои имаат намера да отидат, бидејќи како што рече, се изманипулирани, да не бидат соучесници во овој нелегитимен конгрес.
-Ги охрабрувам сите оние кои слободоумно мислат да не присуствуваат на конгресот, бидејќи паднаа и лагите на ова нелегитимно раководство дека имаат поддршка и од владејачката партија, напротив во разговорите кои ги имавме со највисокото раководство почнувајќи од премиерот до министерката, велат дека нема никакво мешање во овој конгрес и дека нема давање на никаква поддршка на овие нелегитимни дејствија и очекувам дека за скоро време дури и решението кое беше донесено од министерката Царовска ќе биде повлечено и дека повторно ќе завладее правото и легитимитетот во ССМ, рече Митревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Синдикатот на Клинички центар бара ист коефициент за зголемување на платитекако за специјалистите
-
Независниот синдикат на полицијата го обвини МВР за кршење на меѓусебниот договор
-
ССНМ: Авторските права мора да се почитуваат
-
Дипломатите се оградуваат од синдикатот на Сашко Тодоровски и од неговите лични политички ставови