| четврток, 6 декември 2018 |

Дипломатите се оградуваат од синдикатот на Сашко Тодоровски и од неговите лични политички ставови

Дел од синдикалното членство на Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС) се оградува и се дистанцира од отворените политички ставови на Сашко Тодоровски, кој како претседателот на СМДС , преку синдикалната организација ги испраќа до Евроатлантската заедница.

„Изнесените гледишта во најголем дел претставуваат лични видувања и размислувања на претседателот на СМДС, односно не ги одразуваат гледалиштата на сите членови на Синдикатот, туку напротив, преку затскривање зад Синдикатот се прави провиден обид да се протуркаат партиско-политички и лични агенди и цели“ наведува членството, кое додава дека пласираните ставови не минале низ филтерот на дискусија и немаат согласност од членството и од дипломатите во МНР. Тие ваквите делувања ги доживуваат како „несоодветен начин на комуникација со домашната и со меѓународната јавност, со што освен дискредитација на легитимното државно раководство, им наштетуваат и на државните интереси на Република Македонија и на МНР како институција“.

„Излегувајќи од делокругот на надлежностите, претседателот на СМДС со претенциозна партиска агенда се обидува да се впушта во политички квалификации и толкувања на одлуки од легитимни чинители во државата што постојано создава конфузија и кај членството во Синдикатот но и кај странските дипломати во земјава. Тие екскурзии во јавноста и обидите за поткопување на државните институции и интереси не можат да се протолкуваат поинаку освен како недостаток на етичко однесување но воопшто и како недостаток на лојалност кон државата и кон Министерството за надворешни работи“, се наведува во реакцијата на дел од синдикалното членство.

sindikat_mnr

Ова јавно дистанцирање на дел од дипломатите од синдикалните дејствувања на јавна сцена следуваат по низата злоупотреби на синдикалната организација од нејзиниот претседател Сашко Тодоровски, инаку сопруг на Мирјана Најчевска, познат политички активист, антимакедонист и предводник во противењето на македонскиот народ и култура. Притоа, за секој партиско-политички ангажман на Тодоровски затскриен со, наводно, синдикално дејствување добива простор во медиумите спонзорирани од Сорос/УСАИД фондовите.

Не треба да се оди многу наназад во соопштенијата испратени од Тодоровски за да се увиди партиската агенда на дејствување. Така, Тодоровски со неколкумината идеолошки истомисленици, злоупотребувајќи го Синдикатот, застанувајќи во одбрана на тиранската платформа. Синдикатот, се наведува, се оградува од постапките на претседателот Иванов кон меѓународната заедница, а кои „можат да се третираат на надворешен план како непочитување на дипломатските узуси, додека всушност се работи за градење алиби за постапките на внатрешен план“,.

„Ова се однесува како по прашањето да ја прогласи заедничката платформа на македонските политички партии од албанскиот блок како наметнат од странство (читај: Албанија) политички документ, така и во однос на писмото упатено до неколку од најзначајните фактори во меѓународната заедница“, беше наведено во соопштението.

infoplus

Тодоровски, повторно злоупотребувајќи го Синдикатот и неговото членство, не само што партиски дејствува кон македонските институции и личности, туку ги оценува како „злоупотреби“ и однесувањата на австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан Курц. Синдикатот во ноември соопшти дека посета во Македонија им предизвикала „Огромно разочарување“, со тоа што Курц  „си дозволил грубо да ја прекрши дипломатската практика и во соработка со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски да ја доведат македонската јавност во сериозна заблуда“. Сопругот на Најчевска жалеше што никој „немал храброст да се спротивстават на злоупотребата на Курц, освен левичарските медиуми ‘Дер станард’ и ’Дојче веле’, кои традиционално  ги пренесуваат антимакедонските ставови и го поддржуваа насилното уривање на власта.

telma za glasanjeto

Синдикатот, односно Тодоровски, не испушти да биде дел и од креираната лажна афера за „фантоми“ во македонскиот Избирачки список, особено откако за време на чистењето на списокот, неговата сопруга, „земјанката“ Најчевска беше „фантомски гласач“ . Во пресрет на изборите преку синдикалната електронска адреса, испрати соопштение во кое се повикува на информации дека „од Гласачкиот список ‘исчезнуваат’ гласачи и со тоа се зголемува бројот на лажни фантоми“ додавајќи своевиден формулар- потврда  за повреда на избирачко право, доколку некој гласач е „фантом“.

Сашко Тодоровски и неговата свита во Синдикатот на Македонската дипломатска служба упорно ја турка агендата за негирање на министрите, првенствено на Никола Попоски, но и во обид за соработка со Синдикатот од министерството за културата и на Елизабета Канческа- Милевска, иако нивниот министерски ангажман законски продолжува се до избор на нова влада. Во таа насока, Тодоровски упорно до домашни и до странски адреси праќа соопштенија во кои обвинува за „лажно претставување“. Ваквите партиски активности на Тодоровски особено се засилуваат по секој настап на Попоски на меѓународна сцена, било со лично присуство или со интервју во странски медиум.

gero 2

Своето, и политичкото делување на сопартијците на Тодоровски, се признава и во едно од синдикалните соопштенија во кое се обраќаат до заменик министерот Илија Исајловски, каде децидно се наведува дека „извесно е дека е неможно да одговориме на Вашето барање да се откажеме од политичко дејствување“.

Сето ова и не е за изненадување ако се има предвид дека Тодоровски вакви и слични злоупотреби и ангажмани на штета на македонските државни интереси има и во својата професионална биографија како дипломат.

Во 2006 година Сашко Тодоровски беше повлечен од функцијата в.д. шеф на мисијата на Македонија во Советот на Европа во Стразбур. Причина за повлекувањето беа испратените електронски пораки од него по службениците на Советот, во кои тој ја критикувал демократијата во Македонија и почитувањето на човековите права. Тодоровски тоа го негираше.

star dnevnik

Околу наводите дека во Стразбур предизвикал „инцидент со Грците“, за Тодоровски „се работело за грешка и за лоша процена на грчкиот и кипарскиот дипломат, кои дале некаква предлог-одлука за дистрибуција на писма во Комитетот на министри што не можела да помине на гласање“.

И Тодоровски како и сопругата Најчевска беа високопозиционирани во Хелсиншкиот комитет, а  Тодоровски ги отфрлаше и обвинувањата околу членството во бордот на организацијата, каде бил вклучен, како посочуваше, до пред да замине во Стразбур.

Аферите ја следат кариерата на Сашко Тодоровски и претходно, што, очекувано, тој ги отфрла. Така, тој за медиумите ја негираше финансиската проневера, која се посочуваше како причина за неговото повлекување од Солун од функцијата вицеконзул на југословенската дипломатија. Според Тодоровски, вистинската причина била неговите контактите со Македонците од егејскиот дел на Македонија”. „Земјанските чувства“ на неговата сопруга и нејзиното негирање на македонскиот идентитет и посебност, како и навредите со кои таа јавно настапува кон сѐ што е македонско, како и неговото актуелно делување на Тодоровско фрла ново светло врз оваа подзаборавена афера.

najce

Доколку синдикалецот Тодоровски не се откажува од политичкото делување, се поставува прашањето кој е неговиот дипломатски став кон настапите на Бушати за промена на македонскиот Устав, на Рама за спојувањето на Косово, на Тачи од Косово за сите Албанци во една држава, за говорот на Мерсила Дода… Или Тодоровски и неговите истомисленици го имаа заземено синдикалното движење само за туркање на партиски дневни внатрешно-политички агенди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top