Независниот синдикат на полицијата бара Министерството за внатрешни работи да го земе во предвид и да го почитува фактот дека овој синдикат е претставник на вработените и бара негова вклученост во донесувањето на одлуки и акти што се важни за полициските службеници.
Од синдикатите велат дека и покрај средбата со министерот Оливер Спасовски и договорот што овој Синдикат го има за да учествува во дијалогот, од Синдикатот велат дека повторно не се консултирани за подготовка на платниот список и дека се уште не се информирани за тоа до каде е постапката за систематизација на работните места.
Од Министерството за внатрешни работи без реакција на обвинувањата на синдикатот на полицијата. Не кажаа зошто претставниците на синдикатот не се вклучени во консултациите и во процесот на донесување одлуки.
извор: alsat-m.tv
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Протестна нота за унгарскиот амбасадор во Македонија
-
Синдикатот на Клинички центар бара ист коефициент за зголемување на платитекако за специјалистите
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил