| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје ги заборави ракометарите од Вардар – нема одликувања за нив!

Пред нешто повеќе од два месеци, Европската ракометна федерација (ЕХФ), на својата интернет страница во најавата за новата сезона во Лигата на шампионите, го прогласи Скопје за главен град на Европа во овој спорт. Тоа се е благодарение на ракометниот клуб Вардар, во машка и женска конкуренција. Девојките несреќно загубија во финалето, додека вардарци се искачија на европскиот трон.

Светските медиуми тогаш пишуваа за еуфоријата која ракометарите ја предизвикаа во Скопје и го сместија главниот град во фокусот на интерес на спортските фанови несекаде.

Успехот на ракометарите предизвика еуфорија и на плоштадот во Скопје излегоа илјадници граѓани да ги поздрават спортистите. Токму тие спортисти кои го направија најголемиот успех за главниот град на Македонија, сега се заборавени од Градот Скопје.

Ракометарите на Вардар ги нема никаде во традиционалното доделување на 13-ноемвриските награди за најуспешни спортисти во 2017 година. Ниту капитенот Стојанче Стоилов кој крена четири значајни трофеи, ниту тренерот Раул Гонзалес кој е мозокот на целиот тим, ниту било кој друг не беше доволно добар за Град Скопје да ги прогласи меѓу најуспешните за оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top