| четврток, 6 декември 2018 |

Гатузо: Заради Пирло сакав да ја променам професијата

Џенаро Гатузо за “Radio 24” даде коментар за играта на Андреа Пирло, а се чини и дека помалку се налутил кога запрашан дали неговата игра му помогнала на Пирло да стане подобар.

– Не зборувајте глупости, не мешајте Нутела со ср***. Кога го видов како игра, помислив дека можеби треба да ја променам професијата. Никој тоа не го знае подобро од мене, почнав да играм со него кога имав само 15 години и долго после тоа игравме и заедно. Тој беше животно кое што можеше да покрие 1000 метри, имаше се, а затоа играше и до 38 години, изјави Гатузо и додаде:

– Секогаш се чувствував сигурно кога на теренот бев покрај него. Тој се грижеше за многу работи на теренот. Ми помогна премногу во кариерата, изјави Гатузо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top