Големиот и неуморен борец кој често знае да биде и контраверзен, Џенаро Гатузо се враќа во екипата на Милан, но овој пат со друга функција.
Тој од 1999 до 2012 беше член на „росонерите“ по што заигра уште за Сион пред да тргне во манаџерските води и го водеше швајцарскиот прволигаш, Палермо, Офи и Пиза, додека пак од наредната сезона ќе биде на чело на младиот (примавера) тим на клубот од Милано.
– Ова не би го направил за никој друг, но Милан е Милан – истакнал Џенаро за „Ла Република“.
Ова значи дека под водство на Гатузо ќе се гради новиот Милан, односно тој ќе има задача да ги претвоти младите „росонерите“ во „воини“, во играчи кои ќе гризат и достојно ќе го бранат дресот на овој гигант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим