Џенаро Гатузо е еден од најзаслужните за добрата форма на Милан во последните два месеци, но италијанскиот стратег упорно комплиментите ги насочува кон своите фудбалери. „Росонерите“ пред десет кола заостануваа дури 18 бода зад Интер, а сега негативата во однос на градсскиот ривал е намалена на само седум бода, па тимот на Гатузо со право се надева дури и на искачување на четвртата позиција.
– Сите ми велат браво, но во моментов е многу лесно да се биде тренер на Милан. Ова се квалитетни фудбалери и добри момци, само им требаше некој за да се појави искра, да се загреат и работите да тргнат на подобро. Јас ја имам најголемата можна сатисфакција – играчите го прават сето она што како тренер ќе го побарам од нив, истакнал Гатузо по вчерашната победа над тимот на Сампдорија од 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим