Легендарниот италијански фудбалер, Андреа Пирло синоќа и стави крај на кариерата. Тој ги одигра последните минути во победата на Њујорк над Колумбус 2-0. Њујорк и покрај оваа победа не успеа да мине во финалето во Источната конференција, бидејќи во првиот меч загуби 4-1.
Тренерот на Њујорк, Патрик Виера, го внесе во игра 38-годишниот фудбалер во 90 минута. Тие минути беа последни во кариерата на еден од најдобрите играчи од средниот ред во последните 15 години.
Пирло за Италија има одиграно 116 натпревари, постигна 13 голови, а на вечната листа според бројот на настапи за репрезентацијата го дели четвртото место со Даниеле Де Роси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.